Рецепт: Шарена мусака

Ако подготвувате мусака од компири – се држите до традиционлен рецепт. Но ако барате нешто по интересно – ова мусака е за вас.

Состојки:
300 гр. шарени резанци
300 гр. јунешко сечено на коцкички
2 моркова
2 домата
3 лажици масло
¼ маргарин
2 лажици брашно
2- 3 децилитри млеко
1 лажица сув зачин
1 пакетче пармезан

Подготовка:

Сварете ги и исцедете ги резанците

На масло динстајте го месото, ренданиот морков и ситно сецкан домат, зачинете со сув зачин и по вкус додадете сол.

Во друг сад стопете го маргаринот, додатете го брашното, полека го додавате млекото мешајќи го постојано. Варете го додека не згусне.

Во огноотпорен сад редете половина од резанците, половина од месото и половина од сосот. Ова повторете го уште еднаш.

На крај ставете го пармазанот одозгора и запечете ја мусаката во рерна. Се служи топла.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари