Полнети пиперки со потполно неочекувани намирници

Наполнете ги пиперките со нов фил и ќе имате одличен и сосема понаков ручек на трпезата.

Потрбни намирници:

- врзол зеље
- 2 лажици пченични снегулки
- пиперки
- Масло
- сол
- бибер
- зачин
- 1 филџанче ориз
- 1 поголем морков
- 2-3 чешниња лук
- 2 домата
- 1 компир.
по личен избор и чили пиперче

Количината на пирките се одредува спрема потреба.

Подготовка:

На масло се потпржува сецканиот лук и морков, се додава зељето исечено, измиен ориз, на коцкички сечен компир и две лажици пченични снегулки. Се додава бибер, зачин, сол и се залеваат со малу вода, се вари додека омекне оризот. Можете да додадете црвен пипер, и малку пикантно луто.

Од пиперките се чисти семето, се полнат со филот. Затворете ги пиперките со кругови од домат. Турете малку зејтин и печете ги во рерна на 200-250 степени околу половина час.

Поврзани

Најнови вести

Коментари