Печен лосос со компири

Состојки:
300 г филети од лосос
500 г компири
3-4 лажици маслиново масло
3-4 лажици дижон сенф
1-2 прстиња сол
малку црн пипер
кората од 1 лимон

Подготовка:
Излупете и исечете го компирот. Зачинете го со сол и бибер. Потпечете дваесетина минути во загреана на 200 степени печка. Во меѓувреме промешајте рендана кора од лимонот и сенфот.
Извадете ги компирите од рерната и ставете ја рибата во садот. Намачкајте ја со смесата со сенфот. Посипете со уште малку црн пипер. Испечете сè заедно за уште дваесетина минути на истите степени.
Забелешка: Можете да користите и цели ситни свежи компири.

Поврзани

Најнови вести

Коментари