Рецепт: Ролат од пеглан леб (видео)

Искористете стар леб и направете одличен доручек за цело семејство.

Ако ви се собере стар леб од неколку дена постои начин добро да го искористите и од него да подгответе вкусен оброк. Еве како до ролат од стар леб, сланина и сирење.

Во видео записот е дадена визуелна претстава како се подотвува и крајниот резултат од она како изгледа стар леб моделиран во ролат

Потребно е :
• 1 пакување сечен ка кришки леб или стар леб
• 200 гр. сува сланина тенко исечени парчиња
• 200 гр. паризер
• 150 гр. сирење
• 1 јајце
• 200 гр. кашкавал тенко исечени парчиња

Подготовка:

На секоја кришка леб ја отстранувата корката па со оклагија ја пеглате од двете страни. На страна ставате фолија на која ќе ги редете тенките парчиња на сува сланина

Преку неа се редат кришките леб, празнините меѓу кришките ги пополнувате со парчиња леб како би се добила целосна полна површина а потоа сирењето го размачувате низ целата површина на кришките леб.

Преку сирењето  редите паризер (може било која салама), а преку неа листови од кашкавал.

Полека по должина свиткајте го долниот крај на фолијата и полека виткајте во ролат.
Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути колку да се формира ролат, потоа се вади се кине фолијата и повторно се става да се печи околу дваесетина минути.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари