(Видео) Погребани жртвите од трагедијата во Џенова

Во Италија денеска се одржа литургијата и погребот на жртвите кои настрадаа во уривањето на надвозникот во Џенова, кој беше дел од автопатот „А10“. Под рушевините на мостот во Џенова денеска беше пронајдено и телото на 30-годишен маж, со што бројот на жртви се искачи на 42-ца. Претходно италијанските медиуми пренесоа дека во текот на ноќта биле пронајдени телата на трочлено семејство, но локалните власти не можеа да ја потврдат информацијата.

На погребот, кој се одржа во Џенова покрај семејствата на загинатите присутни беа и високи државни функционери и голем број на граѓани. Меѓу присутните беше Претседателот на Италија, Серџо Матарела, премиерот Џузепе Конте, лидерите на владејачките партии, Луиџи ди Мајо и Матео Салвини, како и повеќе министри.

Надвозникот во Џенова се урна во вторникот. Причините за неговото уривање засега сеуште се непознати.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари