Вечер анализа

Санкциите против Турција, вовед во војна против Иран и немири во Украина

САД воведоа делумни економски санкции кон својот, доскора, најважен сојузник во врска со Блискиот исток - Турција. Формално, санкциите се воведени поради тоа што Турција го држи во притвор американскиот граѓанин, свештеникот Ендрју Брунсон, кој пред турските органи одговара за учество во обидот за атентат врз турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пред точно две години. 

Но, малкумина веруваат дека санкциите против Турција се воведуваат од "хумани причини", ослободување на американскиот свештеник Брендон кој во Турција, во Измир со сопругата и три деца живее веќе 23 години, и кој е во притвор уште од октомври 2016 година, а никој до сега на него не се сетил.

Според експертите, секако и американските, суштинската причина е се поголемото зближување на Турција со Русија, како и турската набавка на моќните руски противракетни системи, две батерии С-400 за што во септември/декември минатата година двете држави потпишаа и договор вреден 2,5 милијарди долари, и работата е веќе во фаза на реализација бидејќи Турција платила и аванс за набавката.

Во јули 2018 година рускиот амбасадор во Турција Александар Јерков одговори на прашањето на новинарите: дали оваа набавка на системот С-400 може да донесе проблеми на Турција со НАТО и санкции од страна САД... "Турција е суверена држава која има право самостојно да донесува одлуки" беше одговорот на рускиот амбасадор. Ова беше последен сигнал дека САД се подготвени за санкции против Турција по овој основ.

Инаку, ова е прв случај во историјата на НАТО една членка на алијасната, и тоа една од моќните која е членка на НАТО уште од 1952 година, да купи вакво руско оружје. САД направи повеќе обиди да ја спречи оваа трговија. Според турската државна агенција Анадолија во април годинава за таа цел имало и средба на американска и турска воена делегација, но ни во таа прилика Американците не успеале да го премислат Ердоган. Најамбициозен противник на турското вооружување беше американскиот Конгрес кој се противеше на намерата на Турција да набави американски противавионски ракети Патриот, како и противењето за турска набавка на модерни американски воени авиони Ф-35 од петтата генерација но, и покрај нивното противење, турскиот минстер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на 21. јуни годинава објави дека договорот со американскиот производител Локид се реалзиира, и дека тие денови се очекува испорака на првите два ловци Ф-35 за Турција.

Одговорот стаса брзо: 40 членови на претставничкиот дом на Конгресот побараа од американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис да стопира испорака на американски ловци Ф-35 затоа што Турција купува моќно руско оружје, противракетниот систем С-400. Нарачката на Турција за овие авиони е голема, порачани се 100 ловци Ф-35 со соодветна опрема за вредност од 11 милијарди долари, и исплатен е аванс од 800 милиони долари. Испораката е стопирана, а ситуацијата стана напната.

Ова е крупна акција против Турција, особено ако се знае дека Трамп инсистира на набавка на американско оружје од страна на членките на НАТО, а турската нарачка е со висока вредност, и САД не би се откажале туку-така ако немаат план како да ги добијат тие пари, но на друг начин.

Два месеци потоа Доналд Трамп донесе одлука за воведување делумни санкции против Турција, со дуплирање на царинската стапка за турскиот челик и алуминум. И тоа во исто време кога Турција одбележува две години од неуспешниот атентат врз Ердоган за кој, неколку турски министри и генерали, изјавуваа дека зад акцијата стојат - САД. Турскиот претседател Ердоган имаше и лична забелешка до тогашниот американски претседател Барак Обама затоа што никогаш јавно не го осудил обидот за државен удар во Турција и обидот за атентат врз претседателот Ердоган.

Веднаш по објавата на делумните санкции вредноста на турската лира падна за 30%, што е рекордно ниска вредност на турската валута во последниве 20 години. Согласно својот карактер, годриот Ердоган веднаш изјави дека Турција "не прифаќа дикатат и евангелистичко-ционистички менталитет", и дека е подготвена да бара нови сојузници штом САД го отфрла сојузот со нив. Но, неговиот говор само ја влоши вредбоста на лирата, таа за време на самиот годвор падна дополнителни 10%.

На 26/27 јули на самиот на БРИКС во Јоханесбург Ердоган го реактивираше и барањето за прием на Турција во БРИКС - економскиот и финансиски сојуз на Русија, Кина, Индија, Бразил и Јужна Aфрика, јасно асоцирајќи дека доколку САД не се откажат брзо од намерите, тој ќе гради блиска соаработка, сојуз со Кина и Русија како би ги елиминирал последиците од санкциите, и би ја стабилизирал економијата на Турција.

Но, екомијата на Турција која се смета за една од брзо растечките во светот, има компании и банки кои директно имаат кредитни долгови од над 340 милијарди долари, а кредиот се враќа - во долари. Падот на лирата значи дека треба да се соберат 30% повеќе турски лири, да се конвертираат во долари, и така да се плати месечната редитна рата. А ова е прилично ризичен процес.

Голем дел од турската економија, како и туризмот, се извозно ориентирани и своите производи и услуги ги наплаќаат во долари или евра, а не во турски лири, што на прв поглед делува како олеснувачки фактор. Но, економската штета на Турција не е фатална заради зголемените царини за челик и алуминум кои ги воведе САД, таа штета би се санирала дел со внатрешни резерви на турската влада и банка, а дел со преусмерување на извозот пред се кон Кина, па и Русија или Индија. Главната штета е што со американката одлука се ниша турската позиција во богатиот западен свет, деловните односи со западот, довербата на туристите од западните земји како и степенот на ризик за економска и банкарска соработка со Турција, ризик кој, по америкакнските санкции, станува прилично голем, а за Турција - прескап.

Деновиве шеикот на Катар, Ал Тани, изјави дека неговата држава ќе инвестира 15 милијарди долари во турскиот банкарски и трговски сектор. Тоа е првата финансиска помош за Турција по објавените санкции. Симптоматично е што како помагател прв се јавува токму Катар. Имено, на 20 јули годинава рускиот амбасадор во Катар, Нурмакмад Колов, изјави дека Русија и Катар преговараат и катарските власти да купат руски противракетен систем С-400.

Саудиска Арабија веднаш се огласи со писмо на кралот Салман до францускиот претседател Макрон да влиаје на Катар, и со изјава дека доколку Катар го купи ова моќно оружје од Русија - ќе биде елиминиран, а веста ја пренесе францускиот Монд. Оваа заканувачка порака е финале на тензиите кои лани доведоа до прекин на однсите помеѓу Катар од една и Саудиска Арабија и Емиратрите од друга страна кои го обвинија Катар дека има премногу блиски односи со Иран.

И така, доаѓаме до - Иран. САД, од своја страна, имаат свои забелешки и за турските блиски врски и односи со Иран, не само со Москва. Саудиска Арабија е децениски близок соработник на САД и, секако, својата надворешна и воена политика ја координира со Вашингтон.

Русија, досега, е без јавно позната реакција на последните настани. Турските медиуми објавија, на 9 и 10 август, дека Ердоган имал телефонски разговор со рускиот претседател Путин и двете страни изразиле подготвеност да продолжи нивната економска и одбрамбена соработка.

Што би можело да следи?

Турција ќе побара помош и од Европската унија, и веројатно ќе дојде до некоја комуникација бидејќи Германија и Франција веќе изразија противење на политиката на санкции од страна на САД видена неодамна против Иран, а ова им е прилика и за диломатска промоција и добивање некои попуштања од Турција кои деценија наназад Германија ги бара од Ердоган, како и ветување за контрола врз бегалците кои се стационирани во Турција.

За санирање на финансиските проблеми Турција би можела да одбере и соработка со ММФ но, турските власти веќе одговрија дека на таква соработка не сметаат, а ММФ и онака е под силна контрола на Вашингтон и прашање е колку и под кои услови тоа би функционирало. Русија ги нема парите и економската моќ која може да ја компензира штетата, а Кина е систем кој реагира ефикасно, но бавно. Накусо, на Ердоган нема да му биде лесно, можеби ќе му биде и најтешко откако во 2001 година дојде на власт токму како последица на уривањето на турскиот финансиски систем.

Америка има своја голема слика во плановите која се вика враќање на контролата на Блискиот исток, запирање на гасоводите и нафтоводот кои се простираат низ Иран, Сирија и Турција и со тоа задавање на фателен економски удар врз руската економија и геостратегија. А руски сојузници на тој дел од светот се токму: Турција, Иран и Сирија.

Есенва се најавува жеко време за Блискиот исток, се чека одговорот на прашањето: дали Израел ќе го нападне Иран, или ќе биде обратно, додека Русиjа решава свои нови проблеми во и околу Украина. Се потоа детално ќе ги објасни претходните дејствија и вистинските цели на овие настани, и ќе стане јасно зошто САД токму сега воведоа санкции против Турција.  (vecer.mk)

Поврзани

Најнови вести

Коментари