Душко Тошиќ после по*но скандалот на својата жена Јелена Карлеуша се повлекол од преселување во вилата на Дедиње кој за 2,5 милиони евра ја купил од Драган Стојковиќ Пикси.

Фудбалерот на кинескиот Гвангжуа РФ не сака да вложи 300.000 евра во реновирање и опремување на вилата каде што Карлеуша планирала да се всели на пролет. Имено тој сега сака Јелена со ќерките да продолжи да живее во куќата на Лисички поток.

- Јелена имала многу идеи на уредување во вилата на Пикси. По првобитниот план, сето тоа Душко би го чинело околу 300 илјади евра. Секако дека тој сакал да и ја исполни секоја желба, мегутоа после по*но аферата со Врањеш тој одлучил да ја затвори славината – вели извор близок на семејството Карлеуша-Тошиќ.

Иако му се насмевнува продолжување на договорот со Гвангжоу вреден дури 8,5 милиони евра, Душко од каприц одлучил да воведе санкции.

- Не му е проблем да ги финансира хировите на Карлеуша, тој намерно сака да ја казни поради аферата. Затоа и се пролонгирал. Можеби на крај Душко ќе попушти, но за сега од преселба во вилата нема ништо. Вилата на Дедиње останува празна. – пренесува изворот.

- Душко и Јелена се договориле за сега да се однесуваат како да се е во ред со нивниот брак и дека се функционира. На Душко тоа не му е проблем бидејќи и онака нема многу да се гледаат во наредниот период. Како што веќе се знае ни тој не беше светец. Излегуваше со убавици, манекенки, непознати девојки... Тој ќе продолжи така да живее и во наредниот период. Во Кина ќе му прават друштво разни убавици, додека Јелена ќе биде во Белград со ќерките. Тој брак е на апарати, обична фарса и игранка за медиумите – смета изворот

1
loading...

Најчитани вести