Владана Раилиќ, манекенка која ја поврзувале со Душко Тошиќ, доживеала сообраќајна несреќа, поради закани кои ги добивала од фановите на Јелена Карлеуша.

Таа од Белград тргнала кон Младеновац, каде што живеат нејзините родители, кога почнале да и пристигнуваат застрашувачки пораки на Инстаграм.

Бившата убавица толку многу се вознемирила што почнала да плаче во кола со која управувала нејзината сестра, која се обидувала да ја смири Владана, поради што изгубила контрола на возилото и се забила во банкина, пишуваат медиумите.

Владана е итно префрлена во Ургентен центар во Белград, каде што и е констатирана повреда на ногата, односно подколеницата.

“Таа е вон себе. Не можела да вреува дека врската со Душко ќе и го уништи животот. Исплашена е! Фанатиците кои ја подржуваат Карлеуша пишуваат дека ќе ја сил*ваат, ќе ја черечат и ќе и ја ишишаат косата до корен. Поради тоа е на лекарства, постојано плаче. Исплашено е целото нејзино семејство. Луѓето во нејзиниот крај ја маваат со јајца, ја нерекуваат со погрдни зборови, живото и се претвори во пекол... вели извор близок на Владна.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Vladana Railic Fan Page (@v.r_fan_page) on

Соговорникот вели дека дополнително и е тешко што со денови не се слушнала со Душко, бидејќи тој бил со Карлеуша во Дубаи. “Последен пат се видел во Емирати, пред да стигне Карлеуша. Од тогаш не се слушнале. Владана не смеела да го повика бидејќи постојано бил со Карлеуша. Душко најверојатно ќе се налути откако испливале нејзините изјави во кои ја потврдува нивната врска, иако таа тврди дека никогаш не ја признала нивната врска. Толку многу е исплашена, едноставно сака да се дистанцира од таа приказна... објаснува изворот.

Инаку Владана потврдила дека последните денови поминува низ вистински пекол. “Потребен ми е мир, ве молам разберете ме. Не сакам да зборувам за медиуми, под неверојатен притисок сум“, рекла убавицата.

1
loading...

Најчитани вести