Професор доктор Марко Бумбаширевиќ ја оперираше српската водителка Деа Ѓурѓевиќ, која во четвртокот беше тешко повредена кога во неа удри автобус и во тааприлика ѝ ја откина раката.

Докторот кој ја оперираше, после повеќечасовната операција успеа да ѝ ја спаси раката, аутринава изјавил за српските медиуми дека Деа се чувствува добро.

-Таа се чувствува добро и добро е. Уверен сум дека се ќе помине добро. Ова беше невозможна мисија, бидејќи и беше откината раката. Таа е храбар пациент и имам само пофалби. Кај таквите пациенти невозможното се претвора во возможно. Се надевам дека раката ќе функционира добро - рекол Бумбаширевиќ.

Тој додал дека хирургијата е многу важна, раката е незамелнива, а посебно е важно тоа затоа што станува збор за млада девојка која ќе може нормално да живее.

-Многу е важно прво да се спаси животот. Се е направено и припремено добро. Раката е ставена на мраз, но на плус 4 степени за да не се замрзне. Делуваше невозможно, мораше се да се реконструира. Младен Мијатовиќ е мој голем пријател, тој ми се јави рано утринава и ме извести за тоа, тешко е да се лекуваат пријателите. Со протеза животот е макотрпен, но мене ми се сите пациенти исти и со голема грижа пристапувам кон сите. Не сум спиен, ќе одам на преврска и да ја проверам нејзината состојба - додал докторот.

0

Најчитани вести