"Венецуела нема да дозволи лажна претстава со американската хуманитарна помош", изјави Николас Мадуро, претседател на таа земја во петокот.

"Хуманитарната помош се претвори во шоу за да го оправда државниот удар, тоа е ефтино шоу кое треба да не понижи. САД и Британија блокираа околу 10 милиони долари, ни го заробија нашето злато од државните резерви во нивните банки вредно неколку милијарди долари, ги ограбија парите од нашата нафта а сега ни нудат хуманитарна помош 20 милиони?" Венецуела нема да го дозволи тоа лажно шоу со хуманитарна помош ", изјави Мадуро на прес-конференцијата.

Во четвртокот беше објавено дека првата хуманитарна помош од САД веќе се наоѓа на границата помеѓу Колумбија и Венецуела, во собирниот центар во Кукута. Тоа се два контејнери од 50 тони и најмалку шест камиони кои пристигнале на таа место. Конвојот го следеа возила на колумбиската национална полиција.

 "Ако сакате да помогнете, ослободете ги парите од нашата држава што сте ги блокирале. Тие ни ги украле парите и потоа нудат тоалетна хартија", рече Мадуро.

 Претходно, претставниците на Хуан Гвидо, самопрогласениот привремен претседател на Венецуела, објавија дека на 14 февруари во Вашингтон ќе се одржи конференција за меѓународна хуманитарна помош во Венецуела.

1

Најчитани вести