Десет членови на младинската селекција на бразилскиот фудбалски клуб Фламенго загинаа во пожар кој што изби во тренинг-кампот во Рио Де Жанеиро, пренесува „БиБиСи“.

Пожарот избил додека играчите спиеле во клубскиот камп Нињо Де Урубу. Уште три лица се повредени, а засега не е познато колку се тешки нивните повреди.

Како што пренесуваат локалните медиуми, пожарот избил околу 5:10 часот наутро по локално време, а истиот бил изгаснат после два часа.

Засега ниту еден од загинатите млади фудбалери не е идентификуван, но познато е само дека во кампот престојувале деца на возраст од 14 до 17 години. Повредените биле пренесени во болница, а причината за избувнувањето на пожарот засега е непозната.

1

Најчитани вести