Овој десерт е еден од најпопуларните и дури има и своја страница на Википедија, а некои го нарекуваат и “подобар од најдобриот колач”.

Станува збор за вкусен колач кој стекна огромна популарност откако Паула Дин го приготви во својата позната емисија “Paula’s Home Cooking”. Најдобро од сè е што се припрема лесно, а во рецептот се користат веќе готови преливи и додатоци. 

Десертот се состои од чоколаден пандишпан, прелиен со карамела и украсен со шлаг, овошје и јаткасти плодови.

Потребни состојки:

- 1 кутија готова смеса за пандишпан

- 450 мл. прелив од карамела

- 400 мл. кондензирано млеко

- 300 мл. слатка павлака

- овошје и јаткасти плодови за декорација

Начин на припрема:

1. Испечете готова смеса за пандишпан во правоаголна тава за печење. Обично за рецептот се употребуваат наједноставните чоколадни смеси, купени во продавница.

2. Избоцкајте го пандишпанот со вилушка и прелијте го со мешавина од кондензирано млеко и карамела. Можете да купите прелив од карамела или сами да го приготвите.

3. Изматете ја слатката павлака за да добиете шлаг, а потоа премачкајте го тестото и украсете со овошје и јаткасти плодови по желба.

4. Изладете пред послужување и служете го колачот исечен на парчиња.

 

Најчитани вести