Се подготвува ли нов притисок врз Москва

Исланд оди чекор понатаму - ќе го бојкотираат Светското во фудбал

Исланд со најава дека ќе го бојкотира Светското првенство летово, откако земјите од САД и ЕУ објавија дека протеруваат руски дипломати во врска со случајот со труењето со Сергеј Скрипаљ.

21-вото ФИФА Светско првенство треба да се одржи во Русија од 14 јуни до 15 јули. Русија во декември 2010 година ги доби правата на настанот.

Идејата за ова доаѓа откако 16 земји-членки на ЕУ и други европски земји (меѓу кои и Македонија), САД и Канада денеска објавија дека ќе ги протераат руските дипломати во врска со случајот „Сергеј Скрипаљ".

Западните земји ја обвинија Москва за труењето на Скрипал. Русија демантира.

Поврзани

Најнови вести

Коментари