Loading..

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров не дели исто мислење со Заев и СДСМ во однос на тоа како треба да се движи Македонија, после недобивањето на датум за преговори со Европската Унија.

Димитров уште од јуни годинава на панел дискусија во Стокхолм, посветена на случувањата на Западен Балкан изјави дека доколку Македонија не добие датум за преговори со ЕУ, тој ќе нема повеќе лице пред граѓаните да зборува за европската перспектива, но исто така изјави и дека тоа за него ќе значи непостоење на европска перспектива.

„Ја добивме 10-та препорака за почеток на преговори, ако треба да ја очекуваме и 11-та препорака од ЕК следната година, нема да имам лице да зборувам пред мојот народ за европските перспективи на земјата. Ако не ги започнеме пристапните преговори оваа година, тоа за мене значи дека не постои европска перспектива, по сето она што го постигнавме за две години, изјави Димитров во Стокхолм.

 

Истото го изјави и 5 дена претходно на средбата со министерот за надворешни и европски работи на Република Словачка и претседавач со ОБСЕ, Мирослав Лајчак, кога рече дека ако не добиеме датум тоа ќе биде точка на нашата перспектива со ЕУ.

Успехот на Северна Македонија ќе биде важен сигнал за целито регион, дека европската врата е отворена, доколку такво нешто не се случи, тогаш тоа ќе биде точка на таа перспектива и мислам дека товарот во следните неколку месеци е на земјите членки, изјави Димитров на средбата со Лајчак во Скопје.

Ваквиот став е сосема спротивен на ставот на премиерот Зоран Заев кој на денешната прес конференција на која ги најави предвремените избори изјави дека нема друг пат освен кон ЕУ и европските вредности.

Останува да видиме дали ваквите дијаметрално различни ставови ќе значат разидување на Димитров со Заев и СДСМ или како во многу наврати досега ќе има промена на ставовите.

 

Најчитани вести