Loading..

Во Брисел ни беше направена голема неправда. Испорачавме реформи, ги решивме проблемите со соседите, и не добивме датум. Затоа сум многу лут и разочаран, изјави денеска Зоран Заев, претсдател на Владата на Македонија во обраќањето до јавноста откако државата не доби датум за преговори со Европската унија (ЕУ).

Според Заев, недобивањето датум е нивна историска грешка и тоа го потврдија сите европски лидери.

Направивме се што требаше и се што можевме. Сакам да се заблагодарам на големото мнозинство на европски лидери кои беа на нашата страна. Ние сме жртви на историската грешка на ЕУ. Јас сум разочаран и лут и знам дека цел народ така се чувствува, рече Заев во обраќањето.

Најчитани вести