Loading..

Чилеанскиот претседател, Себастијан Пинера, прогласи вонредна состојба во Сантијаго откако во градот со шест милиони луѓе синоќа избувнаа немири во кои една зграда беше запалена, а метрото беше блокирано.

Протестите избувнаа поради незадоволството од поскапувањето на јавниот превоз во градот, а демонстрантите подметнаа пожари во неколку метро станици, извршила грабежи во повеќе продавници и запалија градски автобус.

Во своето обраќање до нацијата, Пинера рече дека прогласува вонредна состојба во две провинции и две општини во поширокиот регион на Сантијаго заради сериозни и повторени напади на метрото, напади врз јавен и приватен имот како и за зачувување на безбедноста на граѓаните.

Претседателот на Чиле најави дека во наредните денови Владата ќе повика на дијалог со цел ублажување на последиците од поскапувањето на јавниот превоз за најсиромашните.

извор: Makfax

Најчитани вести