Loading..

Експертите посочуваат дека ова не е невозможно како што изгледа на прв поглед. Велат дека во првите неколку секунди по запознавањето можете да направите реална проценка за личноста пред вас, а еве и како.

Дали можете да му верувате некому, се одлучува во рок од една десетина од секундата, покажаа истражувањата од Принстон. Истражувачите, на група студенти им дадоа 100 милисекунди за да измерат привлечност, симпатичност, доверба, компетентност и агресија на лицата на актерите.

За истата активност, на другата група и беше дадено повеќе време. Од сите карактерни особини, единствено за доверба се изјаснија двете групи во истиот момент, без размислување. Машката сексуална ориентација се чита за помалку од една секунда, односно за онолку време колку што е потребно да се препознае нечие лице.

Британското истражување отиде чекор понатаму, заклучувајќи дека жената со видливи тетоважи се смета за помалку привлечна, промискуитетна.

Ние не гледаме само како некој изгледа, туку и како се движи. Луѓето со поопуштено одење се сметаат за поотворени и авантуристи, додека краткиот чекор укажува на невротизам, велат истражувачите од универзитетот Дурам.

Најчитани вести