Само два дена по отворањето профил на „Инстаграм“, една од најомилените актерки, Џенифер Анистон (50), со само три објави стана еден од најпопуларните корисници!

По првото селфи со комплетната екипа на „Пријатели“, со кое предизвика воодушевување, а бројот на следбеници нагло се зголемил, убавата Џeн за само три часа собрала три милиони лајка објавувајќи фотографија на која се гледа како изгледала кога била мала.

View this post on Instagram

#TBT In style, then and now…

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston) on

Актерката сакала да истакне дека и како мала била вистинска дама, а истиот стил продолжила да го негува и во зрели години.

„Со стил, некогаш и сега…“, напишала новата корисничка на „Инстаграм“, која доби многу комплименти од следбениците.

Џенифер досега има повеќе од 12 милиони следбеници на „Инстаграм“.

извор: Makfax

Најчитани вести