Во Мај месец минатата година сеуште не беше ни името решено, ние го имавме нон пејперот на европските држави членки во кој беше јасно кажано кои беа условите за реализација за да добиеме датум оваа година, вели Александар Николоски на Канал 5 телевизија.

-Да ја потсетам македонската јавност дека на 26 Мај 2018 година еден медиуми во Македонија објави нон пејпер, кој што беше создаден од неколку држави на Европската унија кои што врз основа на Извештајот за напредокот на Македонија кажаа дека не се согласуваат со добивањето на датум за преговори. Истите кажаа 4 критериуми правосудство, реформи на јавна администрација и департизација и силна борба против корупцијата, вели Николоски.

Тој потенцираше дека наместо реформите и реализирањето на условите ние имавме Рекет 1, Рекет 2, обиди за местење на тендери за Клинички центар, ни се случува закон за извоз на цвет од марихуана, и повторно ни се случува истото.

-Мината година постои договор од никого не демантиран, помеѓу Дитмир Бушати министер за надворешни на Албанија и Бујар Османи, Македонија да забави со реформите. Планот 3-6-9 на владата беше реализиран 50 проценти, да се реализирше овој План можеби Македонија ќе добиеше датум за преговори, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Најчитани вести