Изминативе 24 часа беа посебно болни за семејствата на Емилијано Сала и пилотот Ајботсон откако беше потврдено дека пронајденото тело е извлечено од потонатиот авион, а во ситуација кога сите ги очекуваа резултатите од форензичарите, пристигна и соопштението од официјалните лица. Полицијата од Дорсет излезе со соопштение до јавноста со кое стави до знаење дека форензичарите ја завршиле својата работа, а нивните истражувања докажале дека пронајденото тело во потонатиот авион во англискиот канал е она на професионалниот фудбалер, Емилијано Сала.

Телото донесено во Портланд Порт денеска беше формално идентификувано како она на професионалниот фудбалер Емилијано Сала. Семејствата на Сала и Ајботсон беа информирани. Нашите мисли се со сите нив, – гласи соопштението на полицијата со кое се става крај на оваа непријатна епизода која ја потресе целата спортска јавност.

За жал, како што беше претходно најавено, во блиска иднина нема да биде продолжено со трагање по второто тело поради лошите временски услови, а повеќе од веројатно е дека и никогаш нема да биде обновена истата бидејќи и пилотот Ајботсон се смета за починат во големата трагедија.

1
loading...

Најчитани вести