Задолжувањата на владата продолжуваат со засилено темпо. Имено, огромен број на задолжувања се случуваат секој месец додека капитални инвестиции нема. Така според официјалните податоци од Министерството за финансии реализацијата на капитални трошоци изнесува очајни 28,16 % заклучно со месец Август.
Според официјалните податоци владата на чело со Зоран Заев ја задолжила државата за огромни 600 милиони евра.
Македонија до сега има три кредити кај меѓународните кредитори и една евро- обврзница.

„Фактор“ анализира дека владата на премиерот Зоран Заев до сега има три кредити кај меѓународните кредитори и една еврообврзница вклучувајќи го и законот со кој Македонија се задолжува кај Светска Банка со заем во износ од 125.000.000 евра наменет за реализација на развојни политики за јавни финансии и конкурентност кој влезе во сила.

Имено, рокот за отплата на кредитот е 12 години, со вклучен грејс период од четири години. Заемот ќе се отплаќа на 16 полугодишни рати секоја во износ од 6,25 отсто од главнината. Овие средства од кредитот ќе бидат за потребите на Министерството за финансии.
Исто така владата на Зоран Заев во месец Мај се задолжила повторно кај Светска Банка за 26.200.000 евра, средства наменети за реализација на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан. Корисници на средствата се Министерството за транспорт и врски, Министерството за економија, Царинската управа и Јавното претпријатие за државни патишта.

Како што анализира Фактор исто така во месец Септември 2018 година од Светска Банка бил добиен кредит од 28.7 милиони евра, наменет за реализација на финансирање на Проектот за унапредување на социјалните услуги, односно за потребите на Министерството за труд и социјална политика.

Дополнително доколку се земе и во предвид изградбата на новиот клинички центар во општина Ѓорче Петров кој според информациите ќе чини отприлика 500 милиони евра. За овој проект државата треба да зема кредит, односно банкарски конзорциум кои ќе го сочинуваат три банки но за овој проект владата воопшто нема прецизирано колку години треба да се враќа кредитот, колку ќе биде каматата , и секако колку ќе изнесува вкупната сума која што треба да се врати.
Дека владата за задолжува вртоглаво зборуваат и официјалните податоци кои укажуваат на раст на јавниот долг и во 2019 и во 2020 година.

Така министерката Нина Ангеловска во емисија на телевизија Алфа посочи дека јавниот долг во 2019 ќе расте додека во 2020 година ќе достигне и 52,3 % од БДП што ја надминува психолошката граница. Експертската јавност континуирано алармира за огромните задолжувања кои не се пропратени со изградба на стратешки проекти а посебно дека е опасен долг над 50 % од БДП посебно за економија кревка и слаба каква што е македонската. Инаку, владата на Зоран Заев додека беше во опозиција жестоко ги критикуваше задолжувањата и алармираше за зголемувањето на јавниот долг.

Најчитани вести