Паника во власта откако Македонија, после се, не доби датум за преговори и со тоа владата на СДСМ и Зоран Заев го загубија кредитот и поддршката, освен дома и во странство. Променија име на државата ио нацијата, воведоа двојазичност која Венецијанската комисија ја оспори за незаконска, ја продаваат историјата на соседна Бугарија, го злоупотребија СЈО за свои пресметки и прогони на опозицијата и за корупција, зголемија даноци и добија најголем буџет во историјата на Македонија после што не изнвестираа во капитални инвестиции ни 30% од буџетот наменет за инвестиции, а странските инвеститори ги нема. 

Во таква состојба падот на владата и предвремените избори се логична завршница на овие процеси па, од тие причини, претседателот Стево Пендаровски се обидува да ја спасува владата со преговори кои би ги водел под свое ментортсво. 

Претседателот на државата, Стево Пендаровски испратил покани до лидерите на политичките партии за средба во Вила Водно в недела. Засега нема информации кој се е поканат, но се знае дека Пендаровски го очекува присуството на првите луѓе на партии од македонскиот и албанскиот блок.

Иницијативата за лидерска средба доаѓа по последните информации околу добивањето датум за почеток на преговорите со Европската Унија.

Најчитани вести