Хрватскиот репрезентативец Игор Карачиќ се врати во Скопје и тој денеска се појави на тренинг на Вардар. Но, бекот на Келце не се враќа во “црвено-црниот” тим, туку дојде во Скопје за да бара асистенција од медицинскиот тим на европскиот првак и да направи детални прегледи во “Систина” и терапија на градниот кош.

Тој нема да биде во составот на Келце за дуелот со Мешков Брест во Лигата на шампионите, туку ќе остане тука за да санира повреда – хематом на левата страна од градниот кош добиен од пресилните удари во дуелите со противниците. Исто така, шансата ја користи за да ги види и своите екс-соиграчи.

Најчитани вести