Дали е поважно да се почитува законот или да се биде човек, во ситуација кога не може да се исполнат двата предуслова. Ова прашање се наметнува откако оваа потресна фотографија почна да кружи по социјалните мрежи во регионот. 

Станува збор за порака која е оставена на автомобил во Белград, а на која пишува: „Ве молам не ми пишувајте казна. Моето дете е пациент на педијатриска онкологија. Моментално сме на хемотерапија! Ви благодарам. Весна Симиќ.“

Но и покрај се на ветробранското стакло е оставена казна во износ од 1 870 динари. 

Зарем останавме без човечност, единственото прашање кое се поставува после се?!

Најчитани вести