Романските пратеници ја соборија социјалдемократската влада на премиерката Виорика Данчила, отворајќи го патот за формирање преодна влада до парламентарните избори, кон крајот на 2020 година.

„Ја запревме Социјалдемократската партија да не и наштети на Романија“, рече Лудовик Орбан, лидер на опозициската Либерална партија, кој го водеше гласањето за недоверба.

Агенцијата „Ројтерс“ пренесува дека 238 пратеници гласале за соборување на владата, од потребните 233 гласови.

извор: Makfax

Најчитани вести