Катица Јанева ќе биде задржана на лекување во Жан Митрев дознава Телма.

По нејзино барање таа утрово беше однесена во приватната болница на преглед, каде според извори од истрагата е задржана.

„Има висок притисок и општа анксиозност, здравствената состојба и е многу лоша“, рекла адвокатката Фрчковска пред Јанева да биде задржана во болница.

Јанева претходно ја примаше соодветната терапија во затворската амбуланта, а ова е прв нејзин преглед надвор од затворот.

Претходно, одбраната на Јанева побара притворот да и биде заменет со куќен притвор, но судот го одби ова барање.

Извор: Телма

0

Најчитани вести