Општина Чаир се солидализира со семејствата на изгорените куќи во населба Серава. На 29-тата седница на Советот на Општина Чаир, едногласно се усвои предлогот за финансиска помош за семејствата на двете изгорени куќи во населба Серава.

Истотака, Општина Чаир посредува за изнаоѓање и на други донатори и апелира до сите кои имаат можност да придонесат за повторната изградба на куќите пред да започне зимскиот период, соопшти општината.

извор: Makfax

Најчитани вести