Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека во Европа ќе ги прати 3,6 милиони сириски бегалци кои се наоѓаат во Турција, доколку европските земји ја прогласат турската воена интервенција во Сирија за окупација, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

„Ќе ги отвориме вратите и ќе ви испратиме 3,6 милиони бегалци“, рече Ердоган во говорот пред своите членови од Партијата за правда и развој.

„Тие не се искрени, само измислуваат“, рече Ердоган, осврнувајќи се на критиките за Турција. Тој особено ги издвои Саудиска Арабија и Египет.

На властите во Саудиска Арабија им порача да се погледнат во огледало кога ја критикуваат турската инвазија и ги запраша кој го донел Јемен во состојбата во која што е сега.

Ердоган рече дека турската воена операција го поддржува територијалниот интегритет на Сирија така што ќе ја задуши курдската контрола на северо-истокот од земјата.

Турскиот претседател додаде дека 109 терористи се убиени од почетокот од вчерашната инвазија.

 

извор: Makfax

492

Најчитани вести