Поранешниот голман на Челси и Арсенал, Петр Чех, потпиша договор со британскиот хокеарски клуб Гилдфорд Феникс. Условите на договорот со 37-годишниот фудбалер не се обелоденети. 

- Драго ми е што имам можност да играм за Феникс за да стекнам искуство. Се надевам дека можам да му помогнам на овој млад тим да ги оствари своите цели за сезоната и да освои максимален можен број натпревари. После 20 години професионален фудбал, ова ќе биде неверојатно искуство за мене. Хокеј е игра што сакам да ја гледам и играм уште од детството, изјави Чех, својата фудбалска кариера ја заврши минатата година.

**PETR CECH SIGNS WITH THE PHOENIX**

The ex professional footballer will begin his ice hockey career this Sunday when he makes his debut for the Phoenix!

Full story here: https://t.co/DdpOdLz6yb pic.twitter.com/kyQuERVBHa

Најчитани вести