Судија одлучува по барањето на обвинителството за притвор за Јасна Мандиќ, заменичката на Боки 13 во Меѓународен Сојуз.

- Еден осомничен побарал спогодба, нема званична иницијатива за спогодба, но побараа, за првиот дел што ќе има обвинение утре, посочи обвинителката за организиран криминал Вилма Руковска вечерва на новинарско прашање дали е барана спогодба.

- Ќе има обвинение за перење пари за првиот дел, парите биле пуштени во промет, посочи Русковска, која надополни дека не се барани ПИ мерки во оваа втора истрага.

Посочи и дека за пратеничката Фросина Ременски се барани мерки: ненапушање на живеалиште, задржување пасош и еднаш неделно да се јавуваат во Суд.

Јасна Мандиќ беше спроведена вечерва, другите тројца ќе бидат изведени утре пред Суд.

- Ќе се бара продолжување на притвор за оние кои се веќе во притвор, посочи Русковска. 

За првиот дел од истрагата остануваат истите квалификации во обвинението кое ќе биде поднесено утре.

- Обвинение за јавен обвинител ќе има, не треба да се сомневате дека ако има докази и за друг обвинител нема да покренам истрага или обвинение, посочи Русковска.

 

2,155

Најчитани вести