Премиерот Зоран Заев се сретна со египетскиот амбасадор во земјава, Моајад Фатхаллах ел – Далие, кој го завршува својот мандат.

Како што информираат од владината прес-служба, на средбата било констатирано дека нашата држава напредува по Договорот од Преспа и со тоа отворени се можности за унапредување на билатералната соработката, посебно на економски план, помеѓу Египет и Северна Македонија.

„Градиме пријателства со сите држави, а НАТО и ЕУ перспективите создадоа можности за поинтензивен развој на економските односи со државите во светот. Во очекување сме на историската одлука за шансата да почнеме преговори со ЕУ. Ги заокружуваме НАТО интеграциите коишто значат стабилност. Поради сето ова, зголемен е интересот на странските инвеститори, коишто со поволните бизнис услови што ги овозможува државава кон инвеститорите, гледаат перспективи за инвестирање овде. Се надеваме дека тие можности ќе ги препознаат и египетските компании“, истакнал Заев на средбата.

На состанокот исто така биле споделени искуства од Египет за развој на туризмот и изградба на современа инфраструктура, а се разговарало и за промовирањето на културните вредности.

 

извор: Makfax

62

Најчитани вести