Москва инсистира на итен дијалог меѓу курдските власти во северна Сирија и централната власт во Дамаск, рече министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, во очекување на претстојната турска воена операција во областите под контрола на Курдите, пренесува курфдската информативна мрежа „Рудоу“.

Лавров ја коментираше ситуацијара на заедничката прес-конференција со својот казахстански колега во Алмати.

„Сите прашања треба да се решат преку дијалог меѓу централната власт во Дамаск и претставниците на курдските заедници кои ги населуваат овие територии. „По размената на изјави меѓу Вашингтон и Анкара, ние контактиравме со курдската заедница и со владата на Сирија и беше потврдено дека продолжуваме да инсистираме на дијалог за да се стави крај на прашањата што го мачат регионот, имено безбедносните прашања и границата меѓу Сирија и Турција “, додаде тој.

Сириските демократски сили (СДФ), од своја страна, ја повикаа меѓународната заедница да интервенира за да спречи хуманитарна криза и рекоа дека ќе се одбранат од турските напади.

„За да ги заштитиме луѓето во североисточна Сирија од непосредна хуманитарна криза, ја повикуваме коалицијата и меѓународната заедница за воведување зона на забранети прелети, како што беше сторено во минатото за народот во Ирак“, се наведува во твитот на СДФ.

Воениот совет на кантонот СДФ Јазира ги осуди турските воени закани, додавајќи дека ќе го искористат своето право на самоодбрана ако бидат нападнати од Турција.

„Целта на турската држава е окупација и грабеж на достигнувањата на нашиот народ“, вели командантот на советот.

И покрај турските тврдења дека дел од нивната мисија во североисточна Сирија е да ја поразат Исламска држава, СДФ предупреди дека нивното присуство всушност ќе го охрабри постојаното воскреснување на групата.

„Турската држава со овие напади отвора нови патишта за бандите на ИД и сака да ги прошири овие групи“.

извор: Makfax

158

Најчитани вести