Хејли Болдвин (22) и Џастин Бибер (25) се венчаа на 30 септември оваа година во Јужна Каролина на имотот на луксузен хотел, и тоа е нивната втора венчавка за една година.

Една недела по судбоносното „да“, двојката објави фотографии од венчавката, кои, како и нивните пораки, се полни со љубов.

View this post on Instagram

Even thugz get married

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber) on

„Минатиот понеделник беше најпосебниот ден во мојот живот“, напиша Хејли.

Нејзиниот венчален фустан го креира Виргил Абло и на него пишува: „Сè додека смртта не нè раздели“.

На церемонијата присуствуваа 154 гости, а овој пат свадбата не беше тајна како што беше пред една година кога Бибер и убавата Хејли тајно се венчаа во Њујорк.

Меѓу гостите беа таткото на Џастин, Џереми, со неговото семејство, таткото на Хејли, актерот Стивен Болдвин, како и чичко Били, највисоко платениот модел во светот Кендал Џенер, актерот Џејден Смит, Џастин Скај, Феј Кадра и многу други, кои уживаа во коктелите пред да отидат на вечера.

извор: Makfax

470

Најчитани вести