Loading..

Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ денеска ги достави информациите и наводите за корумпираност во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност до канцеларијата на Европската унија во Скопје.

-Кога веќе Лидија Димова го користи веб сајтот на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност за лични навреди кон мене дека сум бил неук и неискусен (фала за млад), слободно нека одговори:
1) Зошто сите други Национални агенции ги објавуваат информациите по 2-3 месеци порано од НА на Македонија
2) Зошто недостасуваат информации за проектите кои не се одбрани, добиени поени, наслови на проекти, теми?
3) Во која држава во ЕУ судии добиваат пари од Национална агенција?
4) Да не подучи како се посредува за 10% па се станува Директор на моќна агенција?
5) Како може едни исти 4 невладини да добиваат пари во иста КА, во два последователни повици?
6) Зошто за јавна набавка од 50К ЕВРА бара банкарска гаранција, а за повик од 100К ЕВРА не бара?

*бонус прашање* Дали меѓу „надворешните“ евалуатори на НА има избрано: сопружници кои се блиски пријатели на Лидија Димова, активисти на нејзината поранешна (а и на Димитров и Маричиќ) невладина Евротинк, активисти на организации добитнички на илјадници евра грантови?

Ова дека е многу транспарентна – уште едно прашање: Дали вработен во Национална агенција е дел од управен одбор на Здружение кое си добива пари од НА?, прашува Андоновски.

Најчитани вести