Европската унија повикува на брзо формирање влада по косовските избори и продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина, како и укинвање на таксите наметнати за српски производи

„Ставовите на ЕУ не се сменети, таксите мора да се укинат“, порача портпаролката на Унијата, Маја Коцијачич.

Шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини и комесарот за проширување Јоханес Хан во заедничкото соопштение наведоа дека по мирните и добро спроведени предвремени избори во Косово, ЕУ очекува формирање нова влада.

„Тоа е неопходно за Косово да може брзо да продолжи со работата на реформите со цел поддршка на економскиот и социјалниот развој, владеење на правото, но и за продолжување на примената на Договорот ЕУ-Косово за стабилизација и асоцијација и продолжување на дијалогот со Белград, за кој посредува ЕУ“, се наведува во заедничкото соопштение.

Тие изразија очекување дека сите политички актери ќе останат посветени на овие процеси кои се важни за иднината на Косово, неговиот пат кон ЕУ, како и за благосостојба на граѓаните на Косово и целиот регион.

извор: Makfax

Најчитани вести