Кинеска делегација в четврток ќе престојува во Вашингтон за да се обиде да преговара за ставање крај на царинската војна меѓу двете најголеми економии во светот.

Делегацијата ја предводи вицепремиерот Лиу Тој, а ќе бидат и министерот за трговија, гувернерот на Централната банка и кинески експерти во областа на индустријата, технологијата и земјоделството.

Пред разговорите, двете држави презедоа неколку чекори кон помирување, вклучително и укинување или одложување на казнени царини. Сепак, немаше знаци на напредок во решавањето на трговските спорови и амбицијата на Пекинг да стане технолошки лидер.

Кина и САД заемно ги зголемија царините за увоз на стока до милијарди долари, што предизвика загриженост дека нивниот спор би можел да ја турне во рецесија глобалната економија

извор: Makfax

0

Најчитани вести