Двајца од тројца учесници во анкетата на бугарскиот портал „Топ новини“ направена минатата седмица се изјасниле за блокирање на пристапувањето на Македонија кон Европска унија.

На прашањето „треба ли да ја блокираме Северна Македонија во ЕУ“ дури 63,41 проценти од анкетираните се определиле за одговорот „да, зошто Северна Македонија ја користи нашата поддршка без да си ги промени позициите“.

„Да, зошто Северна Македонија уште не е подготвена за членство“, одговориле 5,23 отсто.

Една четвртина од анкетираните не се за блокада, при што 11,85 проценти од вкупниот број учесници го избрале одговорот „не, зошто во наш интерес е Северна Македонија да е наш сојузник во ЕУ“, а 12,54 отсто „не, зошто сме братски народи и треба да се поддржуваме“.

Немаат мислење 1,39 проценти, а 5,57 отсто одговориле „не ме интересира“.

Повод за анкетата на порталот што обединува 15 регионални сајтови е ултиматумот од вицепремиерот Красимир Каракачанов дека неговата ВМРО ќе ја напушти Владата на премиерот Бојко Борисов ако Бугарија не ги искористи своите инструменти за влијание против „континуираната кражба на бугарската историја во Северна Македонија и антибугарските политики во сфери како што е образованието“.

Извор: експрес.мк

0

Најчитани вести