Секс скандал ја тресе белгиската и европската јавност, откако во јавноста се појавија снимки од сексуален однос на неколкумина фудбалери од клубот Еспоар Минероа од Белгија и една девојка. Експлицитните снимки кружат низ социјалните мрежи веќе неколку дена, а на неа се гледа девојка како ползи по подот на клупското кафуле и потоа има секс со еден од фудбалерите на клупата за масажа.

Според информациите од белгискиот печат, видеото е снимено од еден од играчите на тој аматерски клуб по тренинзите минатиот месец. Во друго видео, девојка седи во бар со фудбалери, а во другата лази по подот. Според последните информации, започнала истрага откако мајката на девојката изјавила дека нејзината ќерка била под дејство на алкохол и дрога.

„Постојат докази дека ќерка ми не беше во нормална состојба. Сакам ова да заврши на суд и да биде разјаснето. Мислам дека има нешто повеќе од тоа што сакаат да покажат“, рекла мајката на девојката за „Судинфо“.

Еден од играчите, пак, рекол дека „работите излегле од контрола“, но и девојката била доброволно со нив.

Белгиските власти започнале истрага откако девојката и нејзиното семејство пријавиле сè во полиција.

„Засега знаеме дека неколку играчи беа таму, но не знаеме што точно се случувало. Ние ќе ја испитаме приказната, што е веќе скандалозно”, рече владин претставник , а изненадувачки слична изјава даде претседателот на фудбалскиот клуб Жозеф Гајлард.

3,578

Најчитани вести