Јелена Карлеуша во бело од глава до пети утринава се појавила во белградскиот суд каде се води судска постапка помеѓу неа и наводниот екс љубовник Огнен Врањеш. Фудбалерот не се појавил на судењето, додека пејачката била во друштво на својот адвокат.

При излегувањето од судот пејачката им покажала среден прст на новинарите, кои дошле да го проследат судењето. Јелена дошла во бела комбинација и со бели чизми. 

И ова не е прв пат таа да се однесува непримерно кон новинарите, пред околу еден месец на истата локација таа турна еден фотограф.

Најчитани вести