Иако одамна го загуби сопругот, Цеца секогаш носталгично зборува за нивната љубов и заедничките спомени. Цеца тврди дека Аркан во семејната атмосфера бил сосема поинаков од тоа што на прв поглед изгледал.

Светлана Цеца Ражнатовиќ и Жељко Ражнатовиќ Аркан се венчаа во далечната 1995 година, па потоа ги добија и своите две деца, Вељко и Анастасија. Иако одамна го загуби сопругот, Цеца секогаш носталгично зборува за нивната љубов и заедничките спомени.

Во една прилика Цеца откри дотогаш непознати детали, односно, како тие двајца меѓусебно се шегувале.

Јас него го нарекував Буцко, тој мене Цецко. Ми нудеше сигурност каква што жените сакаат. Се фалеше дека сум го „фатила“ на слатки, купувајќи му чоколадо. Не, Аркан на мене ми купуваше чоколадо. Запознав едно сосема поинакво суштество од тоа што го замислував. Јас него прва го бакнав! Аркан навистина беше строг, но само кон војската! Беше сосема поинаков човек во приватниот живот, тој беше неверојатно добра душа“, гордо раскажа Цеца.

Свадбата на Цеца и Аркан до ден денес важи за свадба на деценијата. Предизвика многу внимание кај светските медиуми, но никој не знаеше што мораше Аркан да направи пред да се ожени со Цеца.

Балканската дива Светлана Величковиќ се омажи за Жељко Ражнатовиќ Аркан на 19 февруари 1995 година. Пред самото венчавање, младоженецот пред склопување на бракот морал да добие благослов од Црквата, затоа што Цеца беше помлада од него 21 година, а претходно Аркан беше повеќе пати женет.

Најчитани вести