Македонската асоцијација на новинари (МАН) го поздравува потпишувањето на Пристапниот протокол за влез на Македонија во НАТО од 29 земји членки на Алијансата.

Членките на НАТО, особено Македонија како една од нив во иднина, имаат сериозна обврска за почитување на слободата на медиумите и професионалните стандарди на новинарите.

Тоа беше потенцирано и на Самитот во Брисел, во јули минатата година, кога земјите – членки посочија дека освен имплементација на Договорот од Преспа, ги охрабруваат натамошните реформи во земјава, особено слободата на медумите.

Затоа, ги повикуваме сите надлежни институции и политички чинители сериозно да си ја сфатат домашната задача, стои во соопштението на Македонската асоцијација на новинари (МАН).

0

Најчитани вести