Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), со месеци ги следи настаните со спортот и спортските федерации во Македонија. Ова стана јасно окако од централата во Лозана до надлежните органи во земјава утрово пристигна драматично писмо. Драматично затоа што така гласи називот на самиот допис кој пристигна од Лозана до Владата на РМ, Агенцијата за Млади и спорт (АМС) и МОК (Македонскиот олимписки Комитет).

Се бара! Под итно ревизија на спортското законодавство на надлежните органи. Тоа значи треба да се направи нов закон за спорт кој ќе биде прилагоден и според меѓународните спортски институции. Тоа е така затоа што статутите на сите домашни федерации прво мора да се услогласат со меѓународните институции а притоа имаат проблем со домашните закони кои во дадени моменти се контрадикторни со интернационалните. Постоечкиот закон за спорт на неколку федерации им создава проблеми и затоа настануваат збрки кои одредени сплеткароши во земјава истите ги користат да уриваат системи, да прават насилни промени, да злоупотребуваат позиции но и да ја користат политиката во спортот.

Во „драматичното писмо“ од Лозана се наведува дека за оваа проблематите е информиран и политичкиот врв во земјава на чело со премиерот Зоран Заев. Политиката надвор од спортот, спортските асоцијации мора да бидат целосно автономни – тоа е основното барање од ИОК до АМС и Владата. Спортмедиа дознава дека Македонскиот олимписки Комитет (МОК), за „драматичното писмо“, испратил дописи до сите Национални федерации, Агенцијата за Млади и Спорт и Владата на Македонија во која недвосмислено бара: - СТРОГО ОДДЕЛУВАЊЕ НА ПОЛИТИКАТА ОД СПОРТОТ ПРЕКУ ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА СПОРТ ВО НАСОКА НА ЦЕЛОСНА АВТОНОМИЈА НА СПОРТСКИТЕ ФЕДЕРАЦИИ.

Од Лозана наведуваат дека нивните насоки кои веќе биле дадени во изминатиот период не биле земени во предвид од владиното тело и бараат итен состанок со сите недлежни, меѓу нив и МОК и спортските асоцијации. Ваквиот „удар“ од Лозана треба да биде поука за домашните надлежни институции дека ако не ги спроведат насоките можни се меѓународни санкции од ИОК кон спортистите од нашава држава.

Зошто настануват ваквите бранувања со меѓународна интервенција е добро познато за оние кои изминативе месеци се обидуваат да направат збрки во одредени федерации но и во МОК. Истите тие можеби заборавиле дека не се семоќни и дека има интернационален надзор на случувањата во спортот во Македонија.

2,622

Најчитани вести