На 23 јуни 2009 година, со основачки непаричен влог од 5.000 евра формирана е компанијата Глобус Медиа Систем (ГМС) ДОО Свети Николе. Дејност на фирмата е друштво за издавачка дејност, издавање на весници. Мнозински сопственик и управител на оваа компанија е Бранко Тричковски.

Неделникот Глобус (по пример на хрватскиот Глобус) почна да излегува во Македонија во април 2007 година под капата на ВАЦ. Со јавни фалби дека се печати во тираж од 10.000, а документацијата покажува дека се печател во тираж од 3.000 примероци.  

Новинската групација ВАЦ тогаш е присутна и во Хрватска и го поседува неделникот Глобус на Нино Павиќ. Бидејќи се сопственици и на МПМ во Македонија, го земаат својот бренд Глобус од Хрватска тука, му даваат прво на главниот уредник Бранко Тричковски и групата околу него да направат квалитетен неделник. Најпрво тргнува како издание на ВАЦ, а потоа му го даваат на Бранко Тричковски да го работи сам.

Печателе без да платат ниту денар

Глобус Медиа Систем (ГМС) ДОО Свети Николе е некогашен издавач на неделникот Глобус, за што немаше платено франшиза. Но, секако дека франшизата не е главниот проблем во работењето на компанијата на Тричковски.

Овој куп на документи се барање и налози за извршување кон фирмата Глобус Медиа Систем на Бранко Тричковски.

Куп на документи за извршување кон фирмата на Тричковски

Станува збор за главен долг од 3.387.236 денари (55.077 евра), потоа камата на главен долг од 1.237.051 денари (20.115 евра) , 36.136 денари (588 евра) трошоци на постапка, потоа 4.417 денари (72 евра) камата на процесни трошоци. како и 160.049 денари (2.602 евра) трошоци на извршување.

Како Тричковски успешно ја менаџирал компанијата која напластила околу 50.000 евра главен долг, и тоа кон само еден доверител?

Просто, како што не плаќал за франшиза, не плаќал ниту за печатење на неделникот Глобус.

Од фактурите и испратиците кои Вечер.мк ги поседува, се гледа дека неделникот Глобус се печател во по 3.000 примероци. Тричковски не и платил на печатницата Графички центар ДООЕЛ Скопје вкупно 37 фактури. Тоа се приближно најмалку две години неплатено печатење.

Па така, компанијата формирана уште во 2009 година, не ги платила долговите во 2010 и 2011 година, по што доверителот тргнува во присилна наплата на парите.

Го печател Глобус, а не плаќал со години

Ова значи дека Тричковски го печати Глобус и не плаќа. Срѓан Керим, како тогашен генерален менаџер на ВАЦ го толерира ваквото однесување на фирмата на Тричковски да не плаќа.

После 2011 година, ВАЦ се продава и новите газди си ги бараат парите за печатењето. Тричковски не им платил и тие тргнуваат во присилна наплата.

Барањето за извршување тргнало во ноември 2012 година, потоа следуваат процедурите, па се до самото извршување, кое е во септември 2013 година.

Но, само 4 месеци подоцна, доверителот Графички центар Скопје е принуден да го запре извршувањето кон Глобус Медиа Систем (ГМС) ДОО Свети Николе, поради тоа што Тричковски фирмата ја бутнал во стечај. Истиот е отворен од Основниот суд во Штип под стечај број. 58/13.

Со отворањето на стечајот, Бранко Тричковски прави измама на доверители. Си останал должен и должен е до ден денес.

Освен што е должен, Бранко Тричковски е сеач на омраза, повикува на насилство и убиства, навреди, клевети. Јавното обвинителство на СДСМ до ден денеска нема преземено ништо против Тричковски по допрен глас и јавна објава. Преземаа да го заштитат.

ОЈО не презема ништо против Тричковски, туку го штити

Истовремено, со пари од владини извори и невладини фондови на организацијата Сорос издаде 6 книги како збирки од своите колумни кои изобилуваат со насилство, навреди, клевети, пцости. Последната му е од јануари 2019 година, а промотори му биле Беса Арифи, Љубомир Данаилов Фрчковски и Златко Теодосиевски. Претпоследната му е од 2016 година се вика ВО ПОДРУМОТ НА БАЛКАНСКИОТ ФРИЦЛ, а промотори му биле: Мирослав Грчев, Сашо Ордановски, Ристо Лазаров.

5,106

Најчитани вести