Нов земјотрес со магнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала, вечерва ја стресе Албанија.

Земјотресот е на длабочина од 30 километри, а епицентарот е на 4 километри северно од Драч.

Претходно денеска, Албанија ја погодија два последователни потреси од 5,8 и 5,3 степени според Рихеровата скала, од кои посилниот беше почувствуван и во делови од Македонија.

Според последните информации, над 50 лица завршиле со повреди, а причинета е и материјална штета.

извор: Makfax

848

Најчитани вести