„Пречек на трамвајот наречен Желба за чист воздух“ е паролата под која утре, 21 септември, е најавен протестот против загадувањето што ќе се одржи во Карпош, а е во организација на граѓанските иницијативи Ние сме Карпош 4 и ЕкоКарпош 3,2,1.

„Чекаме решение, чекаме имплементации, интервенции, надлежност за ингеренции. Ќе се намалуваше загадувањето на 50% за две години, ама се намали само бројот на мерни станици кои го мерат. Па во тој стил на чекање ве повикуваме во сабота на 21.09.2019 од 17 и 30 часот на раскарсницата пред Сити Мол, да го одбележиме „Чекањето“ со пречек на трамвајот наречен Желба за почист воздух. Настанот е во склоп на неделата на глобални протести за климатски промени“, се вели во најавата за протестот.

Денеска, пак, движењето „Петоци за иднината“ одржа протест пред Владата како дел од глобалниот бран на протести во светот кои бараат решавање на климатската криза и спас за животната средина.

извор: Makfax

117

Најчитани вести