Предмалку во Охрид се случи инцидент во кој учествувала група граѓани која неофицијално ја редводел советникот Нефи Усеини и Полицијата која асистира при уривањето на дивоградбата на улицата Марко Нестороски во Охрид, објави порталот Охрид1.

Групата се собрала и се обидела да го прекине уривањето на објектот, но полицијата ги сопрела во обидот.

Како што може да се види на лице место, улицата остана затворена за сообраќај околу половина час, а околу објектот се присутни полицајци опремени со панцири и оружје.

Извор: Охрид1.ком

Најчитани вести