Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања на новинарско прашање посочи дека растот на економијата е резултат на од растот на индустриското производство, градежништвото, земјоделството и трговијата и дека тоа сето тоа делува и на природен раст на платите.

„Државниот завод за статистика денес објави дека бруто просечата плата во јули 2019 година во однос на истиот месец лани порасна за 5,5%, додека нето просечните нето плати е зголемена за 4,3%, а просечната нето плата веќе изнесува над 25 илјади денари. Растот на платите не е возможен без да индустријата расте. Се радувам што растот на бруто домашниот производ, кој во последните квартали е особено позитивен, е базиран на работата на реалниот сектор. Сите економски параметри се компатибилни, речиси со ист процент растат платите, индустриското производство, како и приходите во буџетот и тоа е една логична целина “, истакна вицепремиерот Анѓушев на новинарско прашање.

извор: Makfax

Најчитани вести