Европската банка за обнова и развој со кредит од 13 милиони евра ќе го финансира подобрувањето на постоечкиот систем на патарини, како и новите станици за електронска наплата на истите. Надградбата ќе ги зголеми приходите, овозможувајќи македонскиот систем на автопатишта да биде финансиран на поодржлив начин.

Со овој кредит ќе се финансира надградба на пет наплатни станици долж Коридорот 8, како и изградбата на три нови станици, сите поврзани со центарот за патарини во главниот град Скопје.

Покрај подобрувањата на наплатниот систем, ќе бидат инсталирани и соларни панели на сите 15 станици за наплата на патарината во целата држава, со цел да се промовира поголемо користење на обновлива енергија. Овие панели ќе генерираат скоро половина од електричната енергија потребна да се одржуваат станиците.

ЕБОР има финансирано изградба и надградба на 8 станици за наплата на патарина долж Коридор 10, вклучувајќи инсталација на опрема за електронска наплата на патарина.

Кредитот на ЕБОР е доделен на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Се планира унифицирање на двата системи за патарина во систем кој ќе биде целосно функционален.

До денес, ЕБОР има инвестирано над €1.9 милијарди, во 117 проекти во Северна Македонија.

извор: Makfax

60

Најчитани вести