Актерот Николас Кејџ (55) дошол на премиерата на својот нов филм Running with the Devil во Калифорнија, а обожавателите повеќепати проверувале дали е тоа навистина тој. Поради неговата голема брада, тие не го препознале, а и на црвениот килим се појавил во валкана облека.

Тој го глуми Кук во филмот, а уморните очи ги криел под кафеавата шапка.

Јакната што ја носел била искината, а црната маица извалкана. Фановите се загрижиле бидејќи тоа не било својствено за актерот кој во јавноста секогаш се појавувал уреден и дотеран.

За Николас, ова е тежок период од животот имајќи предвид дека на почетокот на годината тој по четири дена брак со Ерика Коике (34), побарал тој да се поништи.

Ерика прифатила експресен развод, но бара обесштетување од Кејџ бидејќи додека биле во брак, пропуштила многубројни деловни можности. Таа исто така тврди дека Кејџ ѝ ја уништил репутацијата со своите тврдења во кои ја оцрнува. Сите судски трошоци се очекува да ги плати актерот, пренесува TMZ.

извор: Makfax

534

Најчитани вести