Во вечерашното гостување во 24 анализа Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во жестока дебата со Мухамед Зехири од СДСМ имаа одлична завршница со искрен совет од Димовски до Зекири и негов став дека не се плашат од предвремени избори.

- Кога беше изборот на Ангеловска во Собрание, јас имав една реплика до Заев, со кого сме разговарале во Собрание, за време на Пржино 1, Пржино 2, 3..

Јас сум бил дел од структура која губела власт, сум го гледал тоа секојдневно и имам сериозно искуство на погрешни потези и погрешни одлуки што сум ги гледал што се случуваат. Го гледам тоа повторно се случува. Тоа е од една страна.

Од друга страна, влегува и СДСМ како партија но и целокупниот владеачки систем во една политичка агонија. И тоа ќе има длабоки последици како што имаше и претходно. Многу пати сум кажал и овде и во Собрание дека, ВМРО-ДПМНЕ требаше многу порано да се повлече и да распише предвремени избори многу порано од тоа што се случи.

И сега мислам дека подобро е и за Република Македонија, и за праводуснот систем и за законодавната власт, но и за СДСМ (сакале вие да ми верувате или не) подобро е ден побрзо да се распишат избори. За нормални држави (за кои ние сеуште очигледно не можеме да се рангираме) но Австрија не е премногу географски далеку од нас, една снимка излезе за заменик претседателот на владата, отиде државата на избори, за 3 недели се затвори целата политичка ситуација. Ние сега повторно минуваме и веројатно ќе минуваме уште, на иста, слична, дури можеби и полоша агонија...посочи Илија Димовски.

- Не бегаме и не се плашиме од избори, затоа што СДСМ кога и да излезе на избори ќе победи, а тоа го покажуваат и анкетите на јавното мислење, посочи Зекири во емисијата 24 Анализа на ТВ 24.

Тој истакна дека сега кога државата е во пресрет на членството на НАТО и добивањето на датум за почеток на преговори за влез во ЕУ,  не е моментот  да се распишуваат избори, земајќи го предвид и фактот дека наредната година е изборна година.

Во интерес на државата е да ги завршиме започнатите процеси , па потоа можеме да зборуваме за избори. – заврши Зекири.

387

Најчитани вести